Вардарци со победа ја затворија групната фаза и на тој начин го потврдија првото место во најсилната група Б. Вечерва во “Јане Сандански”, играчите на Гонзалес беа подобри од Кристијанштад, совладувајќи го со резултат 32-30 (17-13)
Први со гол мечот го отворија играчите на Вардар, гостите веднаш вратија и изедначија на 1-1. Штербик се “отвори“ направи неколку интервенции што ги искористивме за да се одлепиме преку Стојанче Стоилов во петтата минута погодивме за “плус три“ 4-1. Намалија гостите на 4-2, сепак повторно Штербик одбрани и ги казнивме за 5-2 што беше “аларм“ за нивната клупа да побара минута одмор за консултации. Тоа резултираше со гол за 5-3, потоа по истиот рецепт Штербик брани ние стреламе и поведуваме со “плус четири“ првпат на мечот, 7-3. Во продолжение гостите не успеаа да искористат играч плус откако Стоилов беше исклучен во 15 минута влеговме со резултат 9-6. Со серија од 1-3 гостинот намали на 10-9 во 18 минута, сепак денес одличниот капитенот Стоилов и Борозан не вратија во игра. Со нивните голови и одбраната на Арпад поведовме со 13-9 во 21.минита. Следеше неефикасен период кога двата тима постигнаа по два гола, а ние во 28.мин влеговме со резултат 15-11. На одмор заминавме со резултат 17-13 на семафорот во “Јане Сандански“.
Одлично го стартувавме второто полувеме, кога со погодоците на Фереира и Карачиќ зголемуваме на 19:13, а истовремено Штербик стигнува до својата дванаесетта одбрана. првиот гол во вториот дел Кристијанштад го постигнува во 34 минута, за потоа да додаде уште еден за намалување на 19:15. Сепак гостинот не мислеше лесно да се предаде па сврзува два гола и намалува на само 20:18. Штерби продолжува да блеска и стигнува до 14 одбрани зад своето име. Милиќ со одбрана од седум метри не дозволи на противникот да намали на само еден гол разлика. Во наапд промашува Недановски од својата позиција а тоа го казнува Кристијанштад и намалува на 23:22. Во овие моменти Штерби е единствена наша светла точка, кој стигнува и до 16-та одбрана. На спротивната страна одличен и Небојша Симиќ кој ја забележува 12 одбрана, од кои две беа од ударите од седум метри. Важен прв гол на натпреварот постигнува и Недановски кој му носи предност на Вардар од 27:24. Штербик продолжува да ја воодушевува публика и стигнува до неверојатни 20 одбрани, кои не му дозволуваат на противникот да се доближат резултатски. Борозан ја запечатува судбината на Вардар кога на минута пред крајот зголемува на 32:30.
Борозан беше најефикасен со 6 гола, додека Македа и Карачиќ додадоа по 4. Штербик имаше неверојатни 22 одбрани. Вардар обезбеди директен пласман во четвртфиналето, каде за противник ќе го има победникот од мечот Флензбург-Мешков Брест.