Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите и кадетите на Рк Вардар ќе играат во големото финале на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“
Пионерите и кадетите на Рк Вардар ќе играат во големото финале на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“

Пионерите и кадетите на Рк Вардар ќе играат во големото финале на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“

Вардаровите екипи успешно не претставуваат на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ кој изминативе два дена се игра во четири сали и тоа во големата и малата сала во СЦ „Јане Сандански”, во СРЦ „Кале” и во салата на основното училиште „Круме Кепески” во населбата Кисела Вода ќе се одржи второто издание на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“ во организација на нашиот ракометен клуб.

Пионерите забележаа три големи победи во групата, што им овозможија полуфинале на споменатиов турнир. Рк Вардар генерација родени 2002/2003 година предводени од Андријана Будимир го отворија турнирот со висок триумф против екипата на Опш. Кисела Вода Вардар 2 со резултат 26:4. Уште по првото полувреме беше решено кој ќе ги освои првите бодови на турнирот, откако не му дозволивме на противникот да постигне гол. На пауза се замина се замина со резултат 11:0. Доминантна игра на нашите пионери, кои заслужено победија на овој меч. Во вториот натпревар противник ни беше екипата на Академија 1, против која издвојувавме исто така висока победа. Конечниот резултат гласеше 30:7. Интересно е тоа што во вториот дел примивме само еден погодок, откако на полувреме се замина со наша предност од 17:6.

Ниту екипата на Бутел Вардар не беше пречка за нашите пионери да ја остварат третата победа во групната фаза. Скоро со дваесетина голови разлика го добивме противникот, или со резултат 25:6. Со овој триумф обезбедивме можност да играме во четирите најдобри екипи во оваа конкуренција. Во полуфиналето се сретнавме со екипата на Преспа Вардар и повторно покажавме добра игра, која беше крунисана со пласман во големото финале. Резултатот на овој дуел заврши високо во наша корист, или конечни 22:9. Утре во салата на основното училиште “Круме Кепески“ го играме финалето.

Кадетите на Рк Вардар предводени од Чивлачки исто така на супериорен начин обезбедија финале на турнирот. На стартот забележавме воведни две победи во групата, против екипата на Опш. Кисела Вода Вардар 2, со резултат 19:1. Интересно е што на овој меч цело прво полувреме не примивме погодок, додека противникот прв пат ја затресе нашата мрежа во последната минута од дуелот. Потоа беше совладана екипата на Академија 1, со резултат 23.13. На овој дуел противникот одржуваше резултатска рамнотежа само во првиот дел, кога резултатот изнесуваше 9:6.

Денес црвено-црните одиграа два нови натпревари, со што обезбедија пласман во утрешното финале. Денес во 13 часот одиграа уште еден натпревар на кој ја забележаа и третата победа на турнирот. Совладана беше екипата на Рк Војнисон Вардар со резултат 17:6. Со резервен состав и со половина сили ја впишавме третата победа. На полувреме резултатот гласеше 10:2.

Вечерва во полуфиналето ја победивме екипата на Урдаревски со резултат 21:7. Нашите момци одлично го започнаа овој дуел и поведоа со 5:0. Противникот врати со серија од три голови, за намалување на резултатот. Првото полувреме заврши во наша корист со резултат 7:4. На почетокот на вториот дел направивме серија од 4:0, за водство од 11:4. Како одминуваше дуелот само го зголемувавме водството, за набргу да имаме двоцифрена предност од 16:6. До крајот тимот на Урдаревски успеаа да постигне само два гола, а младите Вардарци беа поуспешни.

Тони Атанасовски беше најефикасен со 5 голови, додека Лука Благопетров додаде 4.

Рк Вардар: Брунчевиќ, Динев , Кизиќ, Ќосевски 1, Николовски , Биковски 1, Атанасовски 5, Тевдовски 1, Нанов 2, Мајсторовски, Благопетров 4, Каранфиловски , Антевски 3, Георгиевски 3  и Ангелковски 1.