Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Двете младински екипи на Рк Вардар ќе се “судрат“ во големото финале на турнирот
Двете младински екипи на Рк Вардар ќе се “судрат“ во големото финале на турнирот

Двете младински екипи на Рк Вардар ќе се “судрат“ во големото финале на турнирот

Големото финале во генерација родени 1998/99 ќе биде помеѓу двете младински екипи на ракометниот клуб Вардар. Ова е епилогот од денешниот завршен втор натпреварувачки ден. Ова ќе биде сигурно најинтересното финале во машка конкуренција, кое на програмата се утре во три различни сали.

Рк Вардар кој го предводи легендарниот “Зенга“ со три убедливи победи се пласираа во големото финале на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“. Без поголеми проблеми оваа екипа се “прошета“ до финалето на турнирот. Совладани беа екипите на Рк Војнисон Вардар од Кичево, Рк Шампион Вардар и тимот на Метрополис.

Младинците на Рк Вардар Јуниор предводени од Слободан Чивлачки, исто како и нивните колеги остварија две победи на стартот. Во првото кло, во еден тежок и израмнет дуел успеавме да ја совладаме екипата на ХЈС Работник. После голема борба, победата ни припадна нам, со резултат 18:17. По првото полувреме имавме негатива од еден погодок ( 8:9). Двете екипи има свои добри периоди, сепак во финишот подобро се снајдоа црвено-црните кои ги впишаа првите бодови. Во вториот меч немавме поголеми проблеми во дуелот со Бутел Вардар и рутинирано ги совладавме со резултат 30:9. Вечерва одиграа натпревар со екипата на Академија 1, дуел кој заврши со нерешен резултат 15:15. Ова реми беше доволно за Вардар Јуниор утре да се борат за првото место.

Големото финале помеѓу двете наши младински екипи ќе се одигра во спортскиот центар Јане Сандански, со почеток од 15:30 часот