Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија утре стартува на Е.П, прв противник моќната Франција, мечот со тв пренос 18ч. МТВ
Македонија утре стартува на Е.П, прв противник моќната Франција, мечот со тв пренос 18ч. МТВ

Македонија утре стартува на Е.П, прв противник моќната Франција, мечот со тв пренос 18ч. МТВ

Македонската сениорска ракометна селекција вчера пристигна во Краков- Полска каде ќе учествува на европскиот шампионат кој почнува утре 15 јануари и ќе трае се до 31 месецов. Нашите момци се наоѓаат во силна група со домаќинот Полска, нашиот северен сосед Србија и моќната репрезентација на Франција против која всушност утре го почнуваме нашиот настап на овој континентален собир.

Распоредот за играње на мечевите на црвено-жолтите избраници на Ивица Обрван е следен, по мечот со Франција утре  играме во недела 17.јануари со домаќинот Полска во 20-30 часот,  а последниот  дуел кој се очекува да биде пресуден за нашиот пласмна понатаму го играме со нашиот северен сосед Србија на 19.јануари во 18 и 15 часот. Со француската најдобра селекција утрешниот меч е закажан за во 18-00 часот и од истиот ќе може да следиме директен пренос на Македонската радио и телевизија на првиот програмски канал, државната телевизија ќе ги пренесува и следните два меча во групата. Во експедицијата која е во Краков како што е веќе познато од нашиот шампион РК Вардар преставници се Манасков, Стоилов и Филип Лазаров.