Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Сестрите од Франција Бонавентура ќе го судат мечот со Будуќност
Сестрите од Франција Бонавентура ќе го судат мечот со Будуќност

Сестрите од Франција Бонавентура ќе го судат мечот со Будуќност

Европската куќа на ракометот за мечот во Црна Гора со нивниот преставник во елитната шампионска лига – Будуќност за судии ги одреди сестрите  Шарлот Бонавентура и Џули Бонавентура. Делегат на дуелот со моменталниот црнагорски и европски шампион ќе биде Томо Водопивец од Словенија.

Француските сестри Бонавентура беа делегирани за делители на правдата  на дуслот со Митјиланд, кој беше натпреварот од ова четврто коло во ЕХФ Лигата на шампионките и се играше на 8 ноември. Мечот со црнагорките е дуел во рамки на второто коло од втората групна фаза во ЕХФ Лигата на шампионките. Со Будуќност мечот ќе се игра на 17 јануари недела со  почеток во 16.-00  часот . Следен предизвик по овој меч е домашниот во С.Ц Јане Сандански со екипата на Савехов. дуел закажан според натпреварувачкиот календар на ЕХФ за на шести следниот месец, овој дуел има закажан почеток во 17 часот и 30 минути.