Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките и младинките на Жрк Вардар утре стартуваат со натпревари на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“
Кадетките и младинките  на Жрк Вардар утре стартуваат со натпревари на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“

Кадетките и младинките на Жрк Вардар утре стартуваат со натпревари на турнирот “Вардар-еден живот, една љубов“

Утре стартува турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ во женска конкуренција. На него ќе учествуваат девојки родени 1998/99 , 2000/01 и 2002/3, помеѓу нив ќе бидат и нашите кадетки и младински.

Кадетките предводени од Анжела Платон ќе настапат со двете свои екипи на овој турнир. Вардар Јуниор ќе биде во група со Жрк Вардар-Виница и екипата на Рк Филип од Прилеп. Рк Вардар пак ќе се натпреварува во група со екипите на Рк Шампион Вардар и Академија. Натпреварите за овие две екипи започнуваат веќе утре. Најпрво ќе настапи Рк Вардар против тимот на Рк Шампион Вардар со почеток од 10 часот, додека еден час подоцна својот меч ќе го одигра Рк Вардар Јуниор во дуел со Жрк Вардар-Виница. Дуелите на кадетките ќе се одиграат во спортскиот ракометен центар Кале.

Младинките исто така започнуваат со настапи во текот на утрешниот ден. Црвено-црните се наоѓаат во група со екипите на Академија 1, Академија 2 и Ѓорче Петров. Својот прв меч ќе го одиграат утре во малата сала на С.Ц. Јане Сандански со екипата на Академија1. Почетокот на овој дуел е 16:00 часот. Во сабота нов меч, против тимот на Академија 2, дуел кој ќе се игра во 11Ч45 часот во истава сала. Последен натпревар од групната фаза, во недела против Ѓорче Петров, со почеток од 11:30.