Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Поради лош финиш, пионерите на РК Вардар загубија од екипата на КЛ7
Поради лош финиш, пионерите на РК Вардар загубија од екипата на КЛ7

Поради лош финиш, пионерите на РК Вардар загубија од екипата на КЛ7

Пионерите на ракометниот клуб  Вардар со пораз го завршија настапот на турнирот, кој е во организација на КЛ7.

Несфатливиот пад во нашата игра во второто полувреме, допринесе за на крајот да бидеме поразени. Иако одлично го започнавме овој меч, на кој во текот на целото прво полувреме имавме предност. Во еден момент избраниците на Петковски имаа и позитива од седум голови разлика (6:13), но до крајот на првото полувреме, домашниот тим ја намали негативата, па на краток одмор се замина со водство на Вардар, изразено со резултат 11:15.

tekst

Во второто полувреме, КЛ7 направи серија од 8:2, со која направи резултатски пресврт. Сепак, Вардар повторно се издигна, најпрво успева да израмни, а потоа и да поведе со 20:22. Сепак, имавме лош финиш на натпреварот кога не успеавме да постигнеме ниту еден гол, наспроти КЛ 7 кој имаше четити голови во серија, кои беа доволни за триумф. Конечниот резултат на мечот гласеше 24:22 во корист на КЛ7.

На овој турнир, пионерите на Вардар одиграа три натпревари, на кои остварија по една победа, нерешен резултат и пораз.