Вардар утре ќе го одигра третиот пријателски дуел на зимските подготовки во Анталија. Шанса за прва победа играчите на Васоски ќе имаат против тимот на Бачка Топола од Србија.
Бачка Топола е во голем подем и игра одлично сезонава во шампионатот на Србија, каде на полусезона е на петтото место на табелата со 36 освоени бодови или десет победи, шест нерешени и четири порази. Бачка Топола го има и најдобриот стрелец во својте редови. Ненад Лукиќ со 11 постигнати погодоци го дели првото место со уште два играчи на листата најпрецизни стрелци. Бачка Топола во Анталија одигра и еден пријателски дуел досега, го победи тимот на Днипро со резултат 1:0.
Утрешниот противник на Вардарци според специјалниот портал „Transfermarkt“ се проценува на вредност од нешто помалку од девет милиони евра.
Дуелот на Вардар и Бачка Топола предвидено е да започне со почеток во 15 и 30 часот. Линк од овој натпревар сеуште не е познато дали ќе има.