Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > КК Вардар М14 (2) за два дена со две високи победи
КК Вардар М14 (2) за два дена со две високи победи

КК Вардар М14 (2) за два дена со две високи победи

Два дена, два домашни меча  и две победи за младиот тим на КК Вардар(2) селекцијата до 14 години.  Завчера  ја пречека екипата од скопски Аеродром. Тимот на црвено-црните во меч во кој доминираше целосно со повеќе од двојна предност ги совлада врсниците од МЗТ Скопје. Ние дојдовме до победа со резултат 89-42.

Вчера тие беа домаќини во СРЦ Кале на тимот на Јуниор Баскет. И во овој дуел дојдовме до убедлива победа овој пат со 66  поени предност. Ние триумфиравме со резултат 95-29.