Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на “Зенга„ го преслушаа и Вараждин, пионерите на Вардар утре ќе се борат за трофејот на турнирот во Белград
Избраниците на “Зенга„ го преслушаа и Вараждин, пионерите на Вардар утре ќе се борат за трофејот на турнирот во Белград

Избраниците на “Зенга„ го преслушаа и Вараждин, пионерите на Вардар утре ќе се борат за трофејот на турнирот во Белград

Нова одлична вест ни пристигна од главниот град на Србија. Откако најпрво женската пионерска екипа успеа да обезбеди пласман во големото финале, успехот го повтори и машкиот пионерски тим, кој во полуфиналето ја совлада екипата на Вараждин 1930 од Хрватска со резултат 13:18.

И повеќе од заслужен триумф за избраниците на Зенга и Бисинов, кои уште од самиот старт на мечот наметнаа силно темпо, на кое противникот немаше сила да парира во текот на целиот меч. Одлично беше поставена нашата игра во одбраната, едноставно тимот на Вараждин тешко доаѓаше до ситуација до гол, додека во нападот вардарци погодуваа од различни позиции. Уште по првото полувреме се насетуваше финалистот на турнирот, кога вардарци му “побегнаа„ на противникот на пет голови разлика (12:7), што на вакви мечеви е осетна предност. Сепак тоа не не залажа дека можеме да стигнеме лесно до победата, па црвено-црните одиграа константно добро и во вториот дел, не давајќи на противникот ниту во еден момент да се понадева дека може да ја загрози нашата предност. На крајот голем триумф на Вардар и пласман во големото финале на турнирот. Само за потсетување во полуфиналето го совладавме првопласираниот тим од групата А.

Противник во големото финале ќе ни биде најдобрата екипа од Србија на турнирот, тоа е Студентски Град кој во второто полуфинале беше подобра од екипата на Раковица, совладувајќи ја со резултат 16:13. Утрешното финале ќе започне од 13:30 часот, а се очекува да има и стрим од финалето. На турнирот, вардарци досега одиграа пет натпревари и сите ги добија во своја корист.