Пионерите на ракометниот клуб Вардар со пораз ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. Во рамките на првото коло од групата 1, вардарци беа поразени на дербито од екипата на Металург, натпревар кој се одигра во спортската сала во населбата Автокоманда.
Металург беше тимот кој прв го отвори резултатот, но избранците на Петковски вратија со два гола и стигнаа до прва предност од 1:2, која до крајот на мечот се покажа како единствена. Следеше серија за домашниот тим од 3:0 кој поведе со 4:2, за Вардар во следниот напад да го намали резултатот на 4:3.Оваа позитива од еден гол домашниот тим ја одржуваше се до 15 минута од првиот дел кога со два последователни голови зголеми и на 9:6. Последниот гол во првото полувреме му припадна на Вардар за да го намали резултатот на 9:7.
Металург беше тимот кој отвори со гол на стартот од второто полувреме и поведе со 10:7, сепак избраниците на Петковски заиграа во следните пет минути и стигнаа до само еден гол негатива (11:10). Сепак противникот повторно се одлепи на 14:11, а работите околу победникот станаа појасни кога Металург поведе со највисоки пет голови разлика (17:12). Немаше многу време за резултатска неизвесност, до крајот Вардар успеа да намали на 19:15, резултат кој беше конечен на дербито од машката пионерска лига.
Вардар: Н.Спасовски, Стојановски, Табаков 1, Славески, Сипковски, Гочев, Ристевски, Симоновски, Петрушевски 4, Трајановски 1, Колевски, Стојменов 2, Петковски 1, Ѓ.Спасовски 4, Трифуновски, Анакиевски 2.