Денес во салата “Јане Сандански“ во меч од Супер лигата Вардар Јуниор го пречека РК Бутел. Младиот тим предводен од Стојан Петрушевски и Пепи Манасков беше поразен со резултат 31-22 на оваа средба.
На почетокот тргнавме со по еден гол за резултатска симетрија 1-1. Потоа со серија 0-3 тимот на Бутел се одлепи на 1-4 во 5.минута од оваа средба. Успеавме да се вртиме во игра па намаливме на 3-5 преку Атанасовски Стефан. Гостинот беше поактивен во поле, постојано ја зголемуваше предноста во 13.минута поведе со плус пет, 6-11. На противничките два гола потоа одговоривме со пет, за намалување на 11-13 во 20.минута преку Атанасовски. Клупата на Бутел веднаш побара тајм-аут со цел да ја стабилизира својата екипа и да го прекине нашиот налет. На одморот заминавме со негатива од три гола, на семафорот во салата “Јане Сандански“ стоеше 14-17.
Вториот дел го започна на голот одлично Кизиќ кој врза три интервенции, ние тоа го наградивме со два погодока и со голот на Гашовски во 6.минута намаливме на 16-17. Бутел се врати со серија 0-3 и се одлепи на 16-20, ние смогнавме сили и со два врзани гола го преполовивме водството на бело-сините. Бутел се врати на четирите позитива гола, па во последните 10.минути од оваа суперлигашка средба влеговме со негатива од 20-24. Падна нашиот тим во финишот тоа гостите го искористија и ја зголемија предноста на 9 гола. Победата на гостите беше изразена со резултат 22-33. Кукуловски беше прв стрелец со 6 гола, а Крстевски имаше 5 гола.
РК Вардар Јуниор: Димов 1, Јанковски 2, Кукуловски 6, Апостолов, Карапалевски 2, Кизиќ, Атанасовски Т., Бикоски, Ќосевски, Гашовски 2, Крстевски 5, Трајковски, Анѓеловски, Ѓорѓиев, Атанасовски С. 4, Цветановски.