Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Трумфален ден за момците на Спасевски, ФК Вардар генер.2006 со две победи над Њу Старс
Трумфален ден за момците на  Спасевски, ФК Вардар генер.2006 со две победи над Њу Старс

Трумфален ден за момците на Спасевски, ФК Вардар генер.2006 со две победи над Њу Старс

Денес на терените на ФФМ, во Ново Лисиче тимовите предводени од Филип Спасевски, ФК Вардар генер.2006 одиграа две средби од детската лига. Во двата меча против Њу Старс црвено-црните зебележаа две победи и дојдоа до нови шест бода во детската лига.

Во првиот натпревар ФК Вардар(2) се сретна со тимот на Њу Старс(2) во еден дуел во кој доминиравме дојдовме до победа со 4-3, единствено во финишот одигравме преопуштено кога противникот и се доближи.  Почнавме со офанзивна игра и две прилики, шанси за гол имаа Димов и Максим Цониќ на самиот почеток. Противникот се закани сепак на нашиот гол одлично интервенираше Таневски Дамјан. Стапи на сцена Динов Антони кој најпрвин по асистенција на Дамјан Крстевски погоди за 1-0. а потоа со волеј го зголеми водството на 2-0. До пред одморот две прилики имаше и Танчев Михаел кои не ги реализираше.

77

Вториот дел почна со по еден обид на двете страни, за нас се закани Димов, а потоа ривалот погоди во нашата греда. По соло продор на Олег Михајловски поведовме со 3-0, тој ја мина одбраната и пласираше покрај голманот на противникот. Танчев имаше две прилики, во првата не погоди, во втората умешно асистираше до Антони Димов кој денес со неговиот трет гол зголеми на 4-0. Дојде до мало опуштање во нашите редови поради големата предност противникот намали на 4-2, а имаше и пенал. Сепак на голот фантастично одбрани Таневски Дамјан. До крајот се обидовме преку Мирза Хасиќ и Ангел Настевски да погодиме петти пат. Сепак не успеавме и бевме казнети со гол за 4-3, резултат со кој се заврши мечот.

7

ФК Вардар(1) дојде до висока победа против тимот на Њу Старс(1) со резултат 9-0.  На самиот почеток веднаш по судиската свирка Петар Мицевски отвори со гол за 1-0.  Имавме голема офанзива по погодокот, се обидоа да погодат Михаел Николов на два пати, и Нуман Ајетовиќ сепак нивните обиди не донесоа погодок. Потоа Мицевски повторно погоди за 2-0, а со удар од дистаница за високи 3-0 погоди Алтин Нуредини.  Одлични бевме во поле, сепак голем проблем беше противничкиот тим кој беше одличен да игра “бункер“ и постојано со сите играчи се бранеше.

Вториот дел го отворивме како и првиот со ран гол во мрежата на ривалот, за нас погоди Алтин Алији кој зголеми на 4-0. Михаел Николов повторно се обиде, голманот го одбрани неговиот удар. Марко Николовски и Алтин Алији одиграа две одлични акции, во првата Марко асисираше, а Алтин погоди за 5-0, во втората на идентичен начин погоди другиот играч. Неговата борбена игра конечно беше наградена со гол, Михаел Николов стрелаше за високи 7-0. До крајот остана уште малку време, но ние погодивме уште два пати. Со головите на Нуман Ајетовиќ и Алтин Алији триумфиравме со високи 9-0 на оваа средба.