Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Њу Старс ја прекина победничката серија на вардаровите пионери, гостинот со гол во последните две минути стигна до бод
Њу Старс ја прекина победничката серија на вардаровите пионери, гостинот со гол во последните две минути стигна до бод

Њу Старс ја прекина победничката серија на вардаровите пионери, гостинот со гол во последните две минути стигна до бод

Екипата на Њу Старс ја прекина победничката серија на вардаровите пионери, кои денес на теренот на Академијата одиграа само 1:1. Вардар имаше водство се до последните минути од мечот, но во 78 минута, противникот го израмни резултатот.

Тренерот Кралевски стартуваше со следните 11-сетмина: Величковски, Крстевски, Величковиќ-Радуловиќ, Костовски, Симев, Гугуљанов, Петејчук, Хасани, Салиу, Омерагиќ, Ветон

Првата прилика ја имаа вардаровите пионери кога Ветон додаде топка во противничкиот шеснаесетник до Омерагиќ, овој бие од прва над голот на Њу Старс. Сепак првата голема шанса на овој дуел ја имаше тимот на Њу Старс, кога поради невнимание во нашата дефанзивна линија, еден од противничките играчи се најде сам да реализира, но одлично одбрани Матеј Величковски и спаси чист гол. Се закани и Петејчук, кој шутира покрај голот на противникот. Нова одлична интервенција видовме на Величковски, кој не дозволи негатива за својот тим. Избранциите на Кралевски имаа поголем посед на топка, но гостинската екипа одлично се бранеше и делуваше опасно во контра-нападите. Пред да го отвориме резултатот, удар покрај голот имаше и Туша Ветон. Иницијатива вроди со плод, кога Вардар успеа да реализира и да дојде до водство од 1:0. Стрелец на голот беше Мартин Радуловиќ-Величковиќ кој погоди со глава после нафрлена топка од прекин на Салиу. Прва измена кај нас направи тренерот Кралевски, од игра излезе Симев, на негово место е Али Асани. До крајот на првиот дел за одбележување се и ударите на Туша Ветон и добрата прилика која му се укажа на Костовски, кој со глава бие покрај голот на гостинскиот тим. По првите 40 минути, Вардар имаше минимално водство од 1:0.

2

Њу Старс беше посреќен во второто полувреме и успеа да го израмни резултатот во последните две минути од мечот. Во овој дел од натпреварот обиди имаа Петејчук кој шутираше над голот, како и обидот на Ветон со глава кој заврши покрај голот на гостите. Њу Старс се покажа како цврста екипа, па сите противници оваа сезона ќе иамат мака да освојат на крај бодови во дуелите со нив. Тоа се покажа и на денешниот дуел со Вардар, на кој борбената игра на противникот на крајот донесе резултат.

3

Денес Кралевски имаше на располагање само две измени и двете ги искористи, во игра влезе Мујас Демири на местото на Хасани. Противникот се закануваше, пред да стигне израмнувањето имаа и два директни удари кон голот на Величковски. Кога се одбројуваа секундите до крајот на мечот, гостите успеваат да израмнат и тоа од прекин на нафрлена топка во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на Њу Старс со глава погоди за 1:1. Немаше многу време за конкретна акција на Вардар, па судијата отсвири крај на овој дуел.

Во среда, Вардар има можност да се врати на победите во лигата, на меч повторно на домашен терен против екипата на Брегалница.