Денес на терените на ФФМ, во рамки на Детската лига два дуели одигра ФК Вардар генерација 2008. Момците на Миле Крстев успеаа да дојдат до една победа и забележаа еден помалку несреќен минимален пораз.
Во првиот натпревар Вардар (1) генер. “2008„ излезе на мегдан со тимот на ФК Албарса, на овој меч дојдовме до висока победа резултат 10-1 во еден дуел во кој лесно доминиравме во сите аспекти на фудбалската игра. Рано поведовме и имавме контола на целиот натпревар во целост.
Решетавме се до 9-0, за нас Ненад Дамјановски постигна дотогаш 3 гола, а Арти Азизи даде два, по еден имаа Лука Трпевски, Иван Ташовски, Петар Блажевски и голманот Лука Грчевски од пенал. Дури потоа рилалот успеаа да погоди прв пат и намали на 9-1. Сепак веднаш вративме по асистенција на Киш “заби“ Ненад Дамјановски за 10-1. Резултат со кој и се оконча оваа средба.
Потоа одиграа момците од ФК Вардар(2), на вториот натпревар се сретнавме со тимот Спорт ефе и несреќно бевме поразени со гол во финишот со резултат 4-3. Првиот дел го отворивме со наша офанзива и сериозна шанса на Коста Бошковски, сепак не успеавме да ја наградиме нашата доминација со гол. Затоа стигна казна, ривалот најпрвин поведе со 0-1, а веднаш потоа ја удвои разликата и зголеми на 0-2. Се обидувавме да изедначиме, Сребров Филип откосо се обиде пред финишот, сепак и тој удар не донесе намалување на резултатот на оваа средба.
Вториот дел баше далеку потемпераментен, ние напаѓавме со сите сили и успеавме да изедначиме на 3-3. За нас стрелеци на головите беа Киш, Коста Бошковски и Илија Митаноски. Со нивните три гола и еден на нашиот противник во финишот од овој дуел влеговме со резултатска симетрија 3-3. За жал на крајот попуштивме реми, противникот поведе со 3-4 резултат со кој се оконча оваа средба.