Пионерите на ракометниот клуб Вардар го одиграа првиот натпревар на турнирот кој е во организација на КЛ7.
На првиот меч за противник го имавме тимот на Металург, со кој одигравме нерешено 21:21, иако Вардар треба да жали што не дојде до победата. Екипата од Автокоманда прва го отвори резултатот на овој меч, но следеше одговор од избраниците на Зенга кои постигнаа четири голови во серија и поведоа со 1:4. Сепак, Металург не му дозволи на Вардар уште во раниот почеток на мечот да се одлепи, па успеа да стигне и до израмнување (6:6). Црвено-црните повторно се одлепија на два гола (6:8), додека на полувреме исто така имаа позитива од два гола разлика, резултатот на семафорот гласеше 8:10 во корист на Вардар.
Имавме контрола на резултатот на стартот од второто полувреме, кога поведовме со највисоки 10:14, а се мислеше дека ја имавме победата, кога водевме и со 15:19, во последните шест минути од натпреварот. Сепак, Металург влезе во голема серија од 5:0 и успеа дури да поведе со 20:19. Имаше противникот и предност од 21:20, но Вардар го постигна последниот гол преку Марио Стојановски и ги постави конечните 21:21 на овој прв натпревар.
Христијан Петковски беше најефикасен во нашите редови, постигнувајќи 6 голови, додека Андреј Петрушевски и Марио Стојановски имаа по 5 голови. Во листата на стрелци се запишаа уште и Матеј Трајановски и Давид Младеновски со по 2 гола и Александар Стојменов кој имаше 1 погодок.
Утре не очекуваат останатите два натпревари. Најпрво во утринскиот термин од 09:30 часот ќе одиграме дуел против екипата на Пик Сегед, додека од 18:00 часот ќе се сретнеме со домаќинот на турнирот, КЛ7.
ФОТО: RK KL7