Во салата во Автокоманда интересен натпревар одиграа пионерските екипи на Металург и Вардар. Натпреварот заврши со нерешени 13:13 и со поделба на бодовите. Иако во поголем дел од натпреварот домаќините имаа предност, црвено-црните имаа сила да се вратат во натпреварот. По првото полувреме се замина со предност на Металург од 8:5.Во вториот дел, избраниците на Горан Стојков во еден момент и поведоа. Сепак можеби нерешениот резултат беше најреалниот исход на овој дуел.
Најефикасни во Вардар беа Стефан Крстевски кој постигна 4 и Иван Барлакоски со 3 голови. Марко Мишевски и Боби Овнарски забележаа два погодоци, по еден Александар Стојчевски и Кристијан Ангеловски.
Во следното коло во С.Р.Ц. Кале пионерите на Вардар ја пречекуваат екипата на Ѓорче.