Пионерите на ракометниот клуб Вардар го доживеаа првиот пораз сезонава. Момците на Зоран Петковски гостуваа во Велес кај екипата на РК Бисинов, од која беа поразени со резултат 21:14.
Вардар во првите пет минути од натпреварот во два наврати беа во предност, кога го отворија резултатот, а потоа и 1:2, за домашниот тим во продолжение да го превземе водството. Се држевме до резултат 4:3, кога следеше серија на Бисинов 7:1, за највисоки 11:4 за домашниот тим, кој на полувреме замина со предност од 12:6.
Секако ова е новоформирана селекција на Вардар, на која ќе и биде потребно време за воигрување и за достигнување на потребните резултати. Серијата продолжи во вториот дел, кога противникот зголеми и на 14:6, па беше јасно кој ќе ги освои бодовите. Во еден момент, Вардар само намали на шест гола негатива, но немаше сили за нешто повеќе. На крајот конечниот резултат гласеше 21:14.
Најефикасен наш ракометар беше Ангел Столевски кој постигна 5 голови.