Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на РК Вардар “сребрени“ на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“
Пионерите на РК Вардар “сребрени“ на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“

Пионерите на РК Вардар “сребрени“ на турнирот “Ракометот во срцето, Завидовиќи 2016“

Пионерите на ракометниот клуб Вардар го освоија второто место на силниот меѓународен турнир “Ракометот во срцето“, Завидовиќи 2016“. Тие во големото финале беа поразени од екипата на Јерузалем од Словенија, со резултат 12:15.

Во еден тежок и неизвесен натпревар, на крајот подобро се снајде екипата од Словенија која се радуваше на освоениот златен медал. Првото полувреме беше многу израмнето, па со нерешен резултат се замина на одмор (8:8). Сепак во вториот дел, противникот се покажа како подбра екипа на теренот и успева да направи позитив, која ја сочуваа до самиот крај за конечен триумф во големото финале. Вардарци предводени од Андријана Будимир, претходно во полуфиналниот дуел беа подобри од екипата на Слога од Добој. Овој натпревар го добивме со резултат 14:7. Претходно во групната фаза забележавме три победи против РК Борац од Бања Лука ( 16:11), Жепче (18:12) и екипата на  Метковиќ (20:16). Бевме поразени и во групата од екипата на Јерусалем, тогаш со минимален резултат 15:16.

Несомнено дека ова е голем успех за нашите млади надежи, кои во одлино светло не претставија и на овој силен меѓународен турнир. Во конкуренција на десет екипи од оваа генерација, второто место е големо постигнување за избраниците на Андријана Будимир, кои како одминуваше сезоната стануваа се подобри. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Велимир Грујовски од редовите на Вардар.