Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Марко Ѓорѓиевски: Одигравме онака како што ние најдобро знаеме и на крајот заслужено триумфиравме
Марко Ѓорѓиевски: Одигравме онака како што ние најдобро знаеме и на крајот заслужено триумфиравме

Марко Ѓорѓиевски: Одигравме онака како што ние најдобро знаеме и на крајот заслужено триумфиравме

Викендов се одигра 18 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерите на ФК Вардар беа подобри во дуелот со екипата на Академија Пандев. Овој натпревар се одигра во Струмица и заврши со победа на Вардар, со убедлив резултат од 0:3. Така оваа Вардарова генерација направи уште еден исчекор кон остварување на конечната цел. После одигрување на ова коло се наоѓаме на првото место на табелата, поради поразот на Шкендија во дуелот со екипата на Металург. Вардар е прв со еден бод повеќе од Шкупи, кој е наш следен противник во сабота, во рамките на заостанатото 17 коло и два бода повеќе од третопласираната Шкендија, но и натпревар повеќе за играње. Стрелци на головите против А. Пандев беа: Марко Ѓорѓиевски (2) и Кристиан Ристовски.

-Секако дека очекувавме победа, но ни еден натпревар не е лесен и не треба да се потценува противникот. Одигравме онака како што ние најдобро знаеме и на крајот заслужено триумфиравме. Во ова темпо треба да продолжиме и на преостанатите пет меча до крајот на сезоната. Следниве два меча се посебно важни за нас, најпрво со екипата на Македонија Ѓ.П, а потоа и оној заостанат натпревар на домашен терен со екипата  на Шкупи. Ако ги добиеме и двата натпревари, може да се каже дека ќе бидеме многу блислку до освојување на шампинската титула. Ќе биде тешко, но ние ќе ја играме нашата игра и секако дека не интересира само победа, изјави Марко Ѓорѓиевски за нашиот сајт.

Звонко Ивановски