Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РФМ испрати писмо до ЕХФ, во обид Вардар и во новата сезона да биде дел од ЛШ
РФМ испрати писмо до ЕХФ, во обид Вардар и во новата сезона да биде дел од ЛШ

РФМ испрати писмо до ЕХФ, во обид Вардар и во новата сезона да биде дел од ЛШ

На Вардар му се „заканува“ исфрлување од Лигата на Шампионите, поради заостанати долгови. Ракометната федерација на Македонија застана на страната на Вардар и даде поддршка за најголемиот македонски бренд и следната сезона да биде дел од најголемото ракометно натпреварување. Беше испратено писмо до првиот човек на ЕХФ, Мајкл Видерер, во кое се изнесени неколку факти зошто Вардар треба и во новата сезона да биде дел од Лигата на Шампионите.

Македонската ракометна федерација ги цени сите обиди и инвестиции во ракометот на нашите клубови, особено во време на криза. Секогаш се стремиме да помогнеме на клубовите, за да ракометот опстане како спорт број еден во Македонија. 

По комунијацијата меѓу ЕХФ и Вардар 1961, за спогодбата на поранешните долгови, која е надвор од нашите ингеренции, ние, како ракометен авторитет би сакале да замолиме да се донесе позитивна одлука за активното учество на Вардар 1961 во натпреварувањата на ЕХФ за 2022/23.

Овој клуб е обновен ракометен бренд, не само во државата, туку и на Балканот. Вардар има голема база на фанови и активно придонесува во развојот на македонскиот ракомет. Не треба ниту да се спомене дека ја освои титулата во Лигата на шампионите во сезоните 2016/17 и 2018/19, а од таа гледна точка, придонесе за нови млади фанови низ светот. 

Сметаме дека одлуката за исфлање на Вардар 1961 од Лигата на шампионите, негативно ќе влијае на имиџот на ракометот, не само во Македонија, туку и на Балканот. Поради тоа, уште еднаш, би сакале да ве замолиме да го согледате горенаведеното, пред да ја донесете финалната одлука“, стои во писмото на Филип Милошевски до ЕХФ. 

Во наредниве денови ја очекуваме и конечната одлука од страна на ЕХФ, која сите се надеваме дека ќе биде позитивна за Вардар, клуб кој успеа во својата историја да освои две Европски Титули.