Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Има многу работи кои треба да ги подобриме, се надевам ќе биде добро до почетокот на сезоната
Писонеро: Има многу работи кои треба да ги подобриме, се надевам ќе биде добро до почетокот на сезоната

Писонеро: Има многу работи кои треба да ги подобриме, се надевам ќе биде добро до почетокот на сезоната

Кил и Барселона ќе играат во големото финале на „Супер Глоуб Купот“, откако ги добија денешните полуфинални дуели. Вардар иако во еден момент од првиот дел имаше и предност од три голови, но во второто полувреме целосно ја загуби контролата на играта и на крајот беше поразен, со резултат 34:30.

Одигравме добро прво полувреме во кое покажавме дека можеме добро да играме и во напад и во одбрана. Потоа следуваа наши грешки што Кил ги искористи, а кога таква екипа ќе поведе со девет гола тоа тешко се стигнува. Голманот Ландин одигра клучна улога на почетокот на вториот дел од средбата. Видов многу работи што можеме да ги подобриме и ќе работиме сето тоа да биде добро до почетокот на сезоната во СЕХА лигата и ЕХФ лигата на шампионите

Во сабота, Вардар го очекува натпревар за третото место на ова натпреварување, против екипата на Ал Вехда.