Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пионерките на Вардар одбраната на „круната“ ја започнуваат против Ѓорче, позната групата
Пионерките на Вардар одбраната на „круната“ ја започнуваат против Ѓорче, позната групата

Пионерките на Вардар одбраната на „круната“ ја започнуваат против Ѓорче, позната групата

Пионерките на ЖРК Вардар ќе имаат „ѓаволски“ тешка задача да ја одбранат круната во кадетската лига. Изминатата сезона тие требаше да збираат искуство во оваа конкуренција како помали, сепак тие покажаа срце и дојдоа до титулата. Веќе сме пишувале за нивниот подвиг, успеаа сите да ги изненадат и дојдоа до тронот.

Пред нас е новата сезона во која тие ќе настапуваат во групата-1 од кадетската конкуренција. Сега се поискусни иако сеуште се значајно помали од ривалите. Покрај Вардар во нашаа група има уште пет тима, девојките на Платон и Папуџиева за ривали ќе ги имаат тимовите на: РК Кузман, РК Илинден, ЖРК Ѓорче, Металург и Шампион. 

Во првото коло кое начелно е предвидено за на 2/3.ноември тие ќе бидат домаќини во Спортскиот центар “Јане  Сандански“ на екипата на Ѓорче.