Пионерите на ракометниот клуб Вардар со победа се вратија од гостувањето во Велес. Совладана беше екипата на РК Бисинов со резултат 14:17. Во еден интересен и калитетен натпревар на крајот подобри беа младите Вардарци.
Во првите пет минути се играше гол за гол на двете страни и резултатот главно беше израмнет. РК Бисинов беше тимот кој успеа прв да се одлепи на солидна предност од три голови разлика 8:5, но ова водство на домаќинот не траеше долго време, бидејќи избраниците на Андријана Будимир вратија со иста мерка и со три голови во серија носат ново израмнување од 8:8. До крајот на првиот дел успеваме со предност да заминеме на одмор. Резултатот во овој дел од мечот беше 9:10.
Решавачкиот чекор кон победата, Вардар го направи на стартот на второто полувреме кога првите три гола беа постигнати во мрежата на Бисинов за најголемо водство од 9:13. Домаќинот успеа за кратко да се врати на достижна негатива (12:14), но финишот им припадна на црвено-црните за конечни 14:17. Утре со почеток во 11 чсаот во С.Р.Ц Кале не очекува нов натпревар на пионерите.