Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Процес за акредитирање за четврт-финалето Вардар – Веспрем
Процес за акредитирање за четврт-финалето Вардар – Веспрем

Процес за акредитирање за четврт-финалето Вардар – Веспрем

Од управата на РК Вардар информираат како ќе тече Процесот за акредитирање за натпреварот од 1/4 финалето против екипата на Веспрем од Унгарија. Од РК Вардар не информираат за следново:

Сите заинтересирани ТВ, интернет ТВ и радија кои сакаат да известуваат од четвртфиналниот натпревар меѓу Вардар и Веспрем ќе мора да ја пополнат апликацијата за акредитација и истата да ја испратат до ЕХФ маркетинг.

Тоа е стандардна процедува како и досега. Откако ќе се аплицира за акредитација, од ЕХФ маркетинг ќе биде известен клубот домаќин и медумите кои добиле акредитација.

Ова не се однесува за фотографите и пишуваните медиуми, кои како и досега треба да аплицираат директно кај клубот домаќин.

Два дена пред натпреварот ЕХФ маркетинг ќе испрати листа на оние кои што добиле акредиитации за натпреварот. Пријавувањето ќе заврши три дена пред одигрување на натпреварот. Медиа априкациите што нема да бидат пополнети коректно или половично нема да бидат земени предвид.

Пријавите за акредитација треба да бидат испратени во ексел или пдф формат, и да се пратат на следната адреса: mediatv@ehfmarketing.com