Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар знае како да игра на Чаир
Вардар знае како да игра на Чаир

Вардар знае како да игра на Чаир

По еднo неделна пауза, се враќаат возбудувањата во ПМФЛ. Овој викенд нашиот ФК Вардар го очекува гостување на Чаир кај екипата на слога. Нашиот тим знае како треба да се одигра еден натпревар на Чаир. Веќе оваа сезона еден натпревар одигравме на жешкото гостување на Чаир, и повеќе од успешно го замолкнавме Чаир и докажавме дека и оваа сезона Вардар има за повеќе класи подобар тим од оној на слога. На тој натпревар на (18.10.2015) веќе во 8 минута го замолнавме Чаир, Ивановски погоди за големо славје на Вардарци, потоа одиравме уште подобро, веќе во 36 минута Блажевски Дејан зголеми на 2-0, а рутинираната победа ја донесе Благоја Љамчевски со гол во 90 минута од натпреварот, за убедливи 0:3.

fkvardar-popovОчекуваме и овој пат да биде така, да постигнеме брз погодок, што би ни ја олеснила задачата кон победата, токолку одиграме сличен натпревар на оној во октомври победата нема да изостане. Натпреварот започнува в недела со почеток во 16 часот.
Играј Вардар за нас!