Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Победнички старт на сезоната за кадетите на РК Вардар
Победнички старт на сезоната за кадетите на РК Вардар

Победнички старт на сезоната за кадетите на РК Вардар

Кадетите на ракометниот клуб Вардар со победа ја стартуваа новата сезона во лигата. Избраниците на Зоран Петковски во рамките на првото коло славеа на гостувањето кај екипата на РК Голден Арт Аеродром, со резултат 34:39.

315527199_454759626783842_8690420295091805719_n

Екипата на Голден Арт беше во предност во најголем дел од првото полувреме, кога и на пауза замина со со позитива од два гола (20:18). Лошо започна натпреварот за нас, со оглед дека на стартот домашниот тим поведе со 3:0, но како одминуваше првото полувреме полека го фаќавме потребниот ритам. Првото израмнување се случи при резултат 8:8, за до крајот на првиот дел да гледаме игра гол за гол на двете страни. Во еден момент, вардаровите надежи имаа предност од 16:17, но сепак на полувреме Голден Арт замина со водство од 20:18.

Гледавме ефикасно и второ полувреме, кое подобро го отвори Вардар, со серија од 0:3 поведе со 20:21. Повторно гледавме надигрување од двете страни, се играше брзо и динамично, а во таков еден натпревар подобро на крајот се снајде нашиот тим. Полека но сигурно започнавме да го контролираме и резултатот, откако поведовме со 25:29. Оваа разлика ја одржавме до крајот на натпреварот, за конечниот резултат да гласи 34:39.

Со својата ефикасност се истакнаа Томислав Стаменков кој беше прв стрелец со 15 голови и Матеј Тевдовски кој постигна 9. Во листата на стрелци се запишаа уште и Петар Илиевски (5), Матеј Новаковски (4), Никола Нечовски (3), Јован Божиновски (1), Димитар Брзачки (1) и Лука Најдовски (1).