Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Град Скопје му даде 250.000 евра помош на ФК Вардар!
Град Скопје му даде 250.000 евра помош на ФК Вардар!

Град Скопје му даде 250.000 евра помош на ФК Вардар!

Град Скопје вчера му одобри финансиска помош на најтрофејниот македонски клуб Вардар од 15 милиони денари (250.000 евра) на седницата на Советот на градот.

Вардар од поодамна се гуши во финансиски проблеми, уште во последните години од владеењето на бившиот газда Сергеј Самсоненко, а беспарицата ги оптоварува и актуелните газди кои го преземаа лани клубот и градот Скопје по предлог на советниците од ВМРО-ДПМНЕ изгласаа финансиска помош со цел да им се помогне на црвено-црните во тековната сезона во битката да се вратат во Првата лига.

Безмалку еден час траеше расправата во град Скопје за финансиската помош на црвено-црните, кои сега ќе добијат пари за да ги подмират долговите што се наталожија, а фудбалерите да се сконцентрираат да ја завршат победнички есенската полусезона.