Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир наговестуваат Ф-4, лесна победа за Вардар над РК Драчево (ФОТО)
Момците на Будимир наговестуваат Ф-4, лесна победа за Вардар над РК Драчево (ФОТО)

Момците на Будимир наговестуваат Ф-4, лесна победа за Вардар над РК Драчево (ФОТО)

Денес во рамки на кадетската лига, Вардар во меч во кој беше фаворит го пречека тимот на РК Драчево во “Јане Сандански“. Момците на Будимир и Станковски продолжија до одличните настапи во кадетскат лига и навестија Ф-4. Ние дојдовме до лесен триумф со 44-20.

4

Будимир иако се одлучи за комбиниран тим, лесно го отворивме овој дуел со наше водство. Поведовме со 0-3, на самиот почеток потоа и со високи 8-1. Играта во одбраната беше на ниво, во нападот казнувавме постојано, валоризијаќи ја нашата квалитетна игра во дефанзива. Од минута во минута раснеше предноста па на одмор заминавме со двоцифрена разлика. За време на паузата на семфорот во “Јане Сандански“ стоеше 21-10 за црвено-црните кадети.

2 3

Вториот дел  речиси исто како и првиот период од триесет минути, напраивме сеија 6-1 на самиот почеток за плус 16 (27-11). Играта како и во првиот дуел беше иста, ние во одбаната игравме силно, бедемот пред голот беше тешко пробивлив за тимот на РК Драчево. Во напад успеавме да погодиме двојно повеќе од противникот, од минута во минута раснеше предноста која на крај беше изразена со  24 гола повеќе. Победата дојде со резултат 44-20 за вардаровиот тим.

5

Сите момци во црвено-црна комбинација имаа одличен дуел, Бојан Чакалиќ  и Пешевски Андреј погодија по дури 9 пати, Петков Даријан имаше 7 гола, дуелот со шест погодоци го заврши Савревски Давид.