Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Две мајстории на Бојан Колевски за триумф на Вардар кај Македонија Ѓ.П
Две мајстории на Бојан Колевски за триумф на Вардар кај Македонија Ѓ.П

Две мајстории на Бојан Колевски за триумф на Вардар кај Македонија Ѓ.П

Вардар успеа да сврзе две победи по ред, откако денес во рамките на 30.коло од ПМФЛ на стадионот во Ѓорче, ја победи екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 0:2. Стрелец на двата гола беше младиот напаѓач, Бојан Колевски.

Тренерот Васоски стартуваше со следните 11-сетмина: Гачевски (c), Тошевски, Манев, Најдовски, Новак, Адем, Фелипе, Битанг, Ибиши, Колевски, Попзлатанов.

Во првото полувреме освен постигнатиот гол, Вардар многу рано можеше да го отвори резултатот. Се игрше 18 минута кога младиот напаѓач Џемил Ибиши немаше среќа и ја погоди само стативата. Минута порано се закани домашниот тим, но успешно одбрани нашиот голман, Гачевски. Деби гол во дресот на Вардар за Бојан Колевски, откако потпиша договор со тимот. Младиот напаѓач од околу 20 метри со силен и прецизен удар успеа да го совлада противничкиот голман и да му донесе водство на Вардар од 0:1 во 41 минута од натпреварот.

Робсон Да Силва беше играчот кој прв упати директен удар во вториот дел, сепак топката оди високо над нашиот гол, по што немаше промена на резултатот. Домаќинот се обидувше да направи некоја поконкретна акција и да го загрози нашиот гол, се обиде Тантуровски во 54 минута, но ништо опасно кон голот на Гачевски. Нов обид на противникот, обид за Кировски кој шутира околу 20 метри, само покрај голот. Први измени кај Вардар, на теренот се Брдаровски и Мицевски, додека од игра излегоа Адем и Битанг. .Во 60 минута од слободен удар се обиде Да Силва, шутира силно, но Гачевски повторно брани. Убава акција на Вардар во 63 минута, Колевски додаде до Мицевски, овој врати до Фелипе, но бразилецот шутира над голот. Тантуровски и Демир се заканија кај домашниот тим, но Вардар и по 70 минути игра има минимално водство. Последна измена во нашите редови, од игра излезе Ибиши, на негово место е Цветановски. Во 84 минута, мешаница во голманскиот простор н Гачевски, бие Филиповски но за наша среќа далеку од голот.Повторно нова соло мајсторија на Бојан Колевски, кој се ослободи од Нето, биеше со лева нога прецизно во мрежата на Ѓорче, за водство од 0:2 и точка на овој меч. До крајот на мечот во голема прилика се најде и Цветановски, но не успеа да се запише во листата на стрелци. Мечот заврши со резултат 0:2.

Во ова коло, пораз доживеа лидерот Шкендија, кој беше поразен на гостувањето кај Беласица. Сега разликата на табелата е девет бодови.