Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Вардар јуниор во вториот дел го “скршија“ Делчево и со триумф ја отворија новата сезона
Младинците на Вардар јуниор во вториот дел го “скршија“ Делчево и со триумф ја отворија новата сезона

Младинците на Вардар јуниор во вториот дел го “скршија“ Делчево и со триумф ја отворија новата сезона

Денес започна новата сезона  за младинците на РК Вардар Јуниор, оваа сезоната нив ќе ги води  Пепи Манасков. Денес на дуелот во  С.Р.Ц. Кале се сретнавме со младинците на  Делчево-Вардар, во истиот дуел ја забележавме деби победата сезонава со резултат 26-17.

Први со гол мечот го отворија гостите од Делчево, ние веднаш вративме со погодок. Гостите прават серија 1-3 и поведуваат со 2-4 по што Пепи Манасков побара минута одмор заради консултации. Нашите црвено-црни младинци веднаш заиграа поангажирано и со серија 3-0 прават пресврт 5-4. Делчевци сепак повторно наоѓаат сила и  прават серија 1-4 поведувајчи со 6-8 во 20 минута од првиот дел. Следат минути на црвено-црните младинци тие во 29 минута влегуваат со предност од 11-10 откако  постигнаа пет погодоци во продолжение, апак примија само два. Сепак не успеавме да идеме со предност на крајот , гостите имаа само 9 секунди за напад тие во еден брз напад успеаа да постигнат гол 11-11. Со тој резултат на семафот во спортскиот центар “ Кале“ се замина на одмор.

mladinci-3

Вториот дел го почнавме со погодок , со кој поведовме со резулат 12-11.  Гостите успеваат да парираат и да играат игра гол за гол во продолжение. Во 36 минута влегуваме со реми исход 14-14, потоа следи одличен период на избраниците на Манасков кои заангажирано играат во одбраната , а сето тоа го наградуваат со погодоци во голот на делчевските ракометари. Правиме серија 5-0 и во 44 минута поведуваме со 19-14, наговествајќи дека идеме на триумф во овој дуел. Бобан Стојановски погодува за наша најголема предност на овој дуел дотогаш од “плус пет“. Веднаш потоа клупата на РК Делчево побара тајм-аут заради консолидација по јуришот на вардаровите младинци.  Тоа не им донесе голем бенефит во продолжение,  правиме серија 1-3 и одиме на “седим плус“ поведуваме на овој дуел 22-15. Играме рутинирано предноста ни го дозволува тоа,  во последните пет минути влегуваме со резулат 24-16.   Докрајот само го потврдивме она што се очекуваше во мирен финиш победивме со 26-17.

mladinci-2

Вардар јуниор: Симовски-2, Стојчевски-1, Овнарски-2, Јаховиќ-4, Барлаковски-3, Блажевски,  Благопетров-1, Чупетревски-1, Стојановски-3, Каимовски, Хаџидимовски-6, Давчев-1, Василевски, Тевдовски, Јакимовски-1, и Јорданов-3.