Две убедливи победи за Вардаровата генерација родени “2005“ година во денешното коло од детската лига. Избраниците на Игор Кралевски имаа ново добро издание, забележувајќи добри резултати со двете свои екипи.
Најпрво на теренот излезе екипата на Вардар(1) која за противник го имаше тимот на Чаир. Противникот немаше никакви шанси на овој дуел, што се виде уште на самиот почеток кога црвено-црните почнаа да го напаѓаат противничкиот гол. Одличен старт имаше голгетерот на оваа генерација, Никола Величковски кој успева да ги псотигне првите три гола на овој натпревар. После првиот погодок имавме целосна иницијатива на теренот. Филип Јовановски имаше можност да го зголеми резултатот, но неговиот удар завршува во стативата од противничкиот гол. Повторно се обиде Величковски, но неговиот удар завршува во рацете на голманот. Обид имаше и Пројковски, но повторно голманот на Чаир е поуспешен. Сепак на сцена стапува Величковски, кој најпрво зголемува на 2:0 со удар од белата точка. Истиов играч погодува и за водство од 3:0. Повторно Пројковски се обиде, но топката завршува во пречката од голот на Чаир. Тино Спасиќ ја затвара серијата серијата на погодоци во овој дел од мечот и на краток одмор се заминува со резултат од 4:0.
Второто полувреме со гол го отвара Филип Јовановски, кој погодува на асистенција од Пројковски, за веќе убедливи 5:0. Нова прилика за Величковски, овој пат голманот на Чаир е поуспешен. Продолжи константниот притисок на противничката половина, што резултираше со нови погодоци. Прв погодок на овој меч и за Давор Серафимов, за веќе убедливи 6:0. Повторно Филип Јовановски се наоѓа во прилика и повторно сигурно реализира за предност од 7:0. Тука не застанавме и продолживме со нашата порепознатлива игра. Во листата на стрелци се запишува и Пројковски, на асистанција од Јовановски. Резултатот е веќе 8:0 за Вардарци. Ѓорѓи Дошев е новиот играч кој погодува за предност од 9:0. После овој гол, Пројковски не успева да погоди од пенал, а истиов играч ја погодува и пречката. Сепак среќата неможеше цело време да биде против него, па со вториот гол на Пројковски го затвараме мечот за конечни 10:0.
Уште поубедлива победа забележа Вардар (2) во дуелот со екипата на Македонија Ѓ.П. Првиот удар кон голот го имаше Симеон Здравковски, но топката завршува покрај голот. Сепак истиов играч успеа да го отвори резултатот и со еден евро гол да го донесе Вардар во водство од 1:0. Стрелец на вториот погодок беше Лука Јакимовски, кој успешно стрела за 2:0. Набргу ни беше досуден и пенал, сигурен реализатор беше Горјан Цветков, за водство од 3:0. Одлична акција на четвртиот погодок, ја започна Цветков продолжи до Стефан Наумовски, кој му ја врати топката, а Горјан не греши и со својот втор гол зголемува на 4:0. Во листата на стрелци се запишува и Стефан Наумовски, за веќе петарда во противничката мрежа. Повторно на сцена стапува Симеон Здравковски, кој умешно погодува за 6:0. Шансите пред голот на противникот се редеа како на филмска лента, па стигна и седми гол во мрежата на Македонија Ѓ.П. Хет-трик за Горјан Цветков, за предност од 7:0. Се обиде и Радевски, кој шутира покрај гол. До крајот на првото полувреме, уште два погодоци за Вардар и тоа за Стефан Наумовски и Влатко Кукуловски. На полувреме се замина со резултат 9:0.
Голеадата во вториот дел ја започна Стефан Наумовски, кој погодува за веќе убедливи 10:0. Ништо поразлично не се случуваше ниту во вториот дел. Нашиот состав ја имаше иницијативата и контролата на играта. Кога неможеа да постигнат во нашата мрежа, екипата од Ѓорче сама си постигна гол во својата мрежа, за веќе резултат од 11:0. Прв погодок на овој натпревар и за Бојан Јаневски, кој успешно стрела за 12:0. Последните пет минути од мечот му припаднаа на Филип Радевски, кој со два погодоци ја затвори серијата на голови на овој меч. Конечниот резултат гласеше 14:0.
Нова добра игра за избраниците на Игор Кралевски, кои продолжуваат со победите. Оваа генерација има максимален број на освоени бодови во детската лига.