Monday ,11 December 2017
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Јуниор лига: Победи за момците на РК Илинден и РК Карпош Вардар кај момците генер.2004/2005
Јуниор лига: Победи за момците на РК Илинден и РК Карпош Вардар кај момците генер.2004/2005

Јуниор лига: Победи за момците на РК Илинден и РК Карпош Вардар кај момците генер.2004/2005

Во салата “Кале“ денес  се одиграа нови дуели од Вардар Јуниор ракометната лига,  се одиграа два меча кај момците во генерација родени 2004 и 2005 година. Во истите до победа стигнаа екипите на Илинден Вардар и РК Карпош Вардар.

РК Илинден Вардар триумфираше во дуелот со РК Делчево Вардар со 36-16. Илинден   први отворија со гол во првиот напад, а по 4.минути игра вече водеа со 0-3. Делчевци  успеаа да намалат во продолжение на  1-3, но со нова серија овој пат 0-4 скопските  момци поведоа со  1-7. Делчево намали на 2-7, но следеше серија повторно огромна на Илинден   со 0-8 серија отидоа на “тренаесет плус“односно поведоа со  2-15 на пет минути до крајот на првиот период од овој дуел. Во последните пет минути момците на Дарко Јанев успеа на погодоците на ривалот да одговорат во нападот и да погодуваат и тие. На одмор се замина со резултат  6-20 на семафорот во салата “Кале“ во корис на екипата од источна страна на Скопје.

0p

Вториот дел почна со гол во мрежата на Делчево , со кој ривалот поведе со  6-12, моцмите од источна Македонија вратија веднаш и намалија на  7-21. Се играше во продолжение гол за гол се до половината од натпреварот, на смеафорот стоеше  12-25 во корис на скопскиот машки ракометен тим. Во втората половина од полувремето Илинден  додатно “додаде гас“ и на крајот победи со дури дваесет гола предност. Тие триумфираа на овој дуел со  16-36. Кај победникот Петрушевски имаше 12 гола, кај поразените Теориевски имаше седум гола.

0k

РК Карпош Вардар од Куманово во вториот дуел дојде до победа со РК Урдаевски Вардар од Скопје. Први со гол дуелот го отворија момците на Куманово, кои потоа  погодија пет пати на почетокот и поведоа со 0-5 на стартот најавуајќи висок триумф. Следеа минути на момците од скопскиот тим кои со серија 3-1, намалија на  3-6 и се вратија во овој дуел. Веднаш РК Карпош Вардар врати и поведе со плус четири, односно 3-7. До крајот на првиот дел од дуелот се играше гол за гол двата тима постигнаа по три гола во туѓата мрежа за резултат 6-10. Сепак кумановци во финишот уште еднаш погодија, па на одмор се замина со резултат 6-11 за избраниците на Ј.Миодраг- “Црни“ и Наташа Младеновска.

0l

Вториот дел почна со гол на Карпош кој по 1.минута поведе со 6-12. Потоа следуваа пеколни моменти за скопските момци, кумановчани играа одлино во одбраната, а во нападот казнуваа. Тие успеаа да направат клучна серија 0-5 со која поведоа со “плус 11“ односно 6-17.  Тоа беше некаде на средината од вториот дел, до крајот двата тима беа доста ефикасни, скопските момци на седумте гола на карпош одговорија исто така со седум погодоци. Овој дуел заврши со 11 гола позитива за РК Карпош Вардар кои триумфираа со резултат 13-24. Кај победникот  Димевски имаше 12 гола, кај поразените Каскариевски постигна 4 гола.