Денес на теренот на Академијата се одигра кадетското фудбалско дерби, помеѓу екипите на Работнички и Вардар. Натпреварот заврши со почетните 0:0.
Тренерот Влатко Колев стартуваше со следниов состав: Тимевски, Калчиноски, М.Младеновски, Пешевски, Радески, Адем, Илиевски, Димоски, Дарлишта, Благојевиќ, Ибиши.
Работнчки ја имаше првата прилика на овој натпревар, кога од слободен удар биеше еден од нивните играчи, а нашиот голман Бојан Тимевски со крајн и напори го одбрани ударот. Врати Вардар со голема шанса, која ја имаше Џемал Ибиши, откако противникот направи почетничка грешка во одбраната, топка одзема Благојевиќ кој додаде до Ибиши, овој од добра позиција не успева да го совлада противничкиот голман, кој го брани ударот. Втората голема прилика кај црвено-црниот состав ја имаше повторно Ибиши, кој доби добра топка, биеше но повторно голманот на Работнички спасува негатива за неговиот тим.
Се играше цврсто по средината на теренот, сепак и двете екипи беа претпазливи пред се во делот од одбраната. До крајот на првото полувреме за одбележување се два удари на Работнички, од кои едниот го брани Тимески, додека вториот оди покрај противничкиот гол. Кај Вардар се закани Благојевиќ, удар кој завршува без реализација. По првото полувреме резултатот е оној почетниот 0:0.
Ниту вторите 45 минути не беа доволни за отварање на резултатот. Тренерот Влатко Колев направи дури пет измени во својот состав. Во игра влегоа Филип Стојановски, Малик Хасановиќ, Александар Ѓурковски, Филип Андоновски и Александар Младеновски, на местото на Илиевски, Дарлишта, Калчиноски, Благојевиќ и Ибиши.
Имаше удар Али Адем, кој завршува во рацете на добро поставениот голман на Работнички. Имаше обид и Работнички кој завршува покрај нашиот гол. На крајот мирољубиво заврши ова дерби, без победник 0:0 со поделба на бодовите. Вардар беше условно гостин на овој меч, бидејќи натпреварите требаше да се одиграат на теренот на Алумина, но поради лошиот терен, Работнички прифати да ги одигра своите натпревари кај кадети и младинците на нашиот терен.