Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Томче Трајановски редат успеси, ФК Вардар генер.2007 со две победи во детската лига денес
Момците на Томче Трајановски редат успеси, ФК Вардар генер.2007 со две победи во детската лига денес

Момците на Томче Трајановски редат успеси, ФК Вардар генер.2007 со две победи во детската лига денес

Денес на терените на Фудбалската федерација на земјава се одигра новото коло во детската лига, во истото ФК Вардар  генерација 2007 година предводена од Томче Трајановски дојде до две победи.  Одигравме натпревари со ФК Кул-2 и ФК Викторија и во двата дуела дојдовме до победи против своите ривали.

0a

ФК Вардар(2) се сретна со Кул-2 и на стартот натпреварот почна со иницијатива на противникот, кој напаѓаше во почетните минути со цел да поведе на овој дуел. Тие по 4.минути игра со удар од дистанца поведоа со 0-1 на овој натпревар. Следеше уште една прилика за нив сепак со одлична одбрана Јовица Спасовски го сочува нашиот гол и недозволи удвојување на предноста на екипата на ФК Кул. Прилика имаше за прв гол за црвено-црните Петар Котевски кој неуспеа да изедначи. Од клупата Трајановски Томче го уфрли Александар Грашески, кој веднаш внесе свежина. Најпрвин со соло акција успеа да изедначи на 1-1,  потоа од пенал шутна силно долу десно и погоди за наша предност од 2-1. Ние доминиравме во продолжение шанси имаа Војо Стајановски и Грашевски кои не ги претворија во погодок. Пред крајот на првиот дел погодивме уште еднаш, Војо Стојановски погоди за 3-1, резултат со кој се замина на одмор на овој натпревар.

0b

Вториот дел почна со наша иницијатива, ФК Кул-2  беше во постојана дефанива. Александар Грашески повторно блеска и успеа да погоди за 4-1 со што најавивме дека на овој дуел ние ќе дојдеме до бодовите. Потоа нашиот  Лео Манчев успеа да погоди од игра и ние поведовме со 5-1. Петар Котевски  имаше прилика која не ја претвори во гол, но затоа Војо Стојановски прими една топка и од свртување стрелаше ефектно за 6-1. На нашиот гол повторно неколку интервенции, успешни  впишиа зад своето име Јовица Спасовски. Прилика повторно имаше и Петар Котевски  кој не погодува, но затоа Александар Грашевски  беше непогрешлив и погоди во продолжение за 7-1.  По тој гол две прилики пропуштивме, најпрвин Александар Грашевски од слободен удар шутна над гредата, а потоа ударот на  Алексеј Ивановски го одбрани голманот на ФК Кул-2.  Во финишот видовме уште два гола, за 8-1 стрелаше нашиот Лео Манчев, а потоа Кул во последните моменти намали на 8-2, резултат со кој беше окончан овој дуел.

0c

 Во вториот дуел денес ФК Вардар (1) генер. “2007“  се сретна со екипата на Викторија  и дојде до победа. Момците на Томче Трајановски победија со 5-3, тие уште по крајот на првиот дел имаа водство, на одмор се замина со предност за црвено-црните со резултат 2-1 на овој натпревар во детската лига.

За нас петте гола ги постигнаа тројца различни играчи. Стрелец број еден на овој натпревар со три гола во мрежата на Викторија беше Стефан Младеновски, тој беше еден од најзабележителните на теренот денес. Покрај него двајца играчи постигнаа уште по еден погодок во оваа победа, Милош Спасовски стрелаше еднаш и еден погодок впиша зад своето име и Никола Јовановски.