Денес на теренот на Академијата, генерацијата “2003“ на ФК Вардар забележа нова победа во рамките на регионалната-скопска лига. Совладана беше убедливо екипата на Македонија Ѓ.П со резултат од 9:0
Убедливо издание за избраниците на Горан Петрески, кои доминираа во текот на целиот натпревар.
Стартувавме со следниве 11-сетмина: Стојковски, Маркоски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Сељанац, Давидовски, Стојановски, Хасани, Мирков, Прелоговски, Андрески.
Првите десет минути од натпреварот поминаа без поголеми возбудувања на двете страни. Само се чекаше кога нашите млади надежи ќе започнат да ја полнат противничката мрежа. Лео Андрески беше првиот играч кој успева да го отвори резултатот за водство на Вардар од 1:0, откако доби топка во празно, сам изби со противничкиот голман и биеше за почетно водство. Набрзина следи и втор гол, повторно во мрежата на Македонија Ѓ.П, овој пат стрелаше Антонио Мирков за предност од 2:0.
На голот најпрво претходеше акција во која беа Прелоговски кој додадва до Андрески, кој бие но голманот на Ѓорче го брани ударот, на одбиената топка стигна до Хасани кој бие само во еден од противничките играчи, за од трет обид топката да стигне до Мирков кој бие во долниот лев голмански агол. Можевме да постигнеме бргу и нов гол, но ударот на Влатко Стојановски, за малку заврши покрај голот на гостинската екипа. Продолживме со нападите, додека противникот беше длабоко повлечен на својата половина. Следен кој се запиша во листата на стрелци беше Абдула Хасани, кој погодува за веќе водство од 3:0. Втор гол на натпрреварот и за Антонио Мирков, кој зголеми на 4:0, откако доби топка од Дамјан Маркоски. Уште еден гол во противничката мрежа, а прв на денешниот натпревар за Александро Прелоговски, кој го постави резултатот од 5:0 на полувреме. Вардар напаѓаше и имаше контрола на играта. По два дриблинзи следиме и втор гол зад името на Абдула Хасани, кој го зголеми резултатот на 6:0, кој беше актуелен и на полувреме.
Иста слика на теренот и во второто полувреме, каде Вардар напаѓаше и имаше контрола на играта. По два дриблинзи следиме и втор гол зад името на Абдула Хасани, кој го зголеми резултатот на 6:0. И покрај убедливото водство, Вардар не помисли да се повлече, напротив беше решен да постигне уште некој гол. Тоа му успева на нововлезениот Дарио Јовановски, кој го постигна седмиот гол за Вардар на овој натпревар, за предност од 7:0. Во следните минути се обиде и Алек Сељанац, кој бие над голот на Ѓорче.
Денес Стојановски беше главен играч по средината на теренот, покрај тоа што даваше топки за своите соиграчи, често се наоѓаше и во прилика да го загрози противничкиот гол. Таква една беше кога со глава бие за малку покрја голот. Прв гол денес на натпреварот постигна и капитенот Давидовски, за водство од 8:0, додека конечните 9:0 ги постави токму Влатко Стојановски кој со прекрасен погодок, го заврши овој натпревар. Заслужено за Стојановски, кој ги постави конечните 9:0 на овој натпревар, на кој Вардар доминираше во секој поглед на фудбалската игра. Во вториот дел во игра влегоа сите играчи, кои денес беа на располагање за овој натпревар.