Европскиот ракометен првак нашиот РК Вардар со победа тргна на неофицијалното СП во Доха, Катар. Тие обезбедија полуфинале денес победувајќи го иранскиот клуб Гашаран со 30-22 (15-10). Во полуфиналето нашите ракометари ќе играа утре во 16-00 часот против Барселона, како реприза на полуфиналето од Ф4 турнирот на ЛШ во Келн.
До 20минута мечот имаше каква таква неизвесноcт, потоа момците во само пет минути направија серија со која од 9-8 вардарци поведоа со 14-9. Во последните 11 минути од првото полувреме Вуко Борозан имаше добра серија од пет голови, а шест одбрани имаше Страхиња Милиќ. Натпреварот го почнавме без Арпад Штербик, а целиот меч меѓу стативите беше Страхиња Милиќ. Ривалите од на почетокот повоедоа со 4-2 во 7 минута, потоа нашиот тим пројде во водство, а Гашаран само уште еднаш израмни, 7-7 во 18 минута. Потоа сѐ беше во знакот на Вардар, и ако малку поконцентрирано игравме во одбрана можеше да постигнеме сигурно уште некој гол. Иранскиот тим не беше ниво за Вардар, и најмногу благодарение на нашите грешки резултатот на крајот не беше со поголема разлика. Второто полувреме на терен беше сосема друга постава, а само Милиќ остана од оние што го почнаа натпреварот. Игравме добро, бидејќи стигнавме и до позитива од девет голови во 40 минута (22-13), но истовремено имавме и доста технички грешки. Само во второто полувреме не реализиравме три седмерци, и имавме 10 технички грешки. Милиќ имаше десет успешни одбрани во овој период. Гашаран намали на 25-20 во 52 минута, но ние пак додадовме гас и немаше никакви дилеми околу победникот.Утре во полуфиналето од 16-00 часот тимот предводен од Раул Гонзалес ќе игра со Барселона, која претходно лесно триумфираше над Есперанца.
Kaj нас Вуко Борозан и Лука Циндриќ имаа по пет гола, а Хорхе Македа со четири гола беше веднаш зад нив.