Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите на РК Вардар ќе играат во полуфиналето на силниот меѓународен турнир во Белград
Кадетите на РК Вардар ќе играат во полуфиналето на силниот меѓународен турнир во Белград

Кадетите на РК Вардар ќе играат во полуфиналето на силниот меѓународен турнир во Белград

Кадетите на РК Вардар ќе играат во полуфиналето на турнирот во Белград, откако во текот на денешниот ден забележаа една победа и пораз. Најпрво избраниците на Чивлачки и Грчевски се сретнаа со екипата на Војводина од која беа поразени со резултат од 16:20. Црвено-црните први го отворија резултатот и поведоа со 1:0, за противникот да постигне два последователни голови и да ја превземе предноста од 1:2. Во следните три минути се играше гол за гол, а при нерешен резултат од 3:3, Вардарци со два последователни голови за прв пат поведоа со два гола разлика (5:3). Вардар уште во два наврати имаше водство од два гола (6:4 и 7:5), но од тие моменти екипата на Војводина направи серија од 0:4 и направи резултатски пресврт за 7:9. До крајот на првиот дел, противникот ја одржуваше предноста и на одмор се замина со резултат од 9:11. Второто полувреме започна со два гола за екипата од Србија, која стигна до највисоки четири голови разлика (9:13). Вардар не помислуваше да се предаде, па со подобра игра стигна до само еден гол негатива од 15:16. Сепак финишот им припадна на Војводина, која направи серија од 0:3 и поведе со недостижни 15:19. До крајот на мечот по уште еден гол на двете страни, за конечни 16:20 на овој натпревар. Кај Вардар најдобар стрелец беше Антониј Мисаилески со 6 погодоци.

Во рамките на третото коло од групата, нашите кадети за противник го имаа тимот на Медвешчак. Тука бевме убедливи и на крајот славевме со резултат од 25:16. Медвешчак прв го отвори резултатот за 0:1, но Вардар ги постигна следните четири гола на натпреварот и поведе со 4:1. Следуваше период кога противникот го намали резултатот на 5:4, но Вардар со нова поголема серија успеа да стигне до највисоки 10:4. За момент намали противникот на 10:5, но црвено-црните продолжија да го полнат голот и да поведат со 12:5, што беше и резултат по првото полувреме. Првиот гол во вториот дел го постигна Медвешчак за да намали на 12:6, но на секој нивни погодок Вардар одговараше со два гола, за да го зголеми резултатот на 14:6. До крајот на натпреварот, избраниците на Чивлачки и Грчевски ја одржуваа оваа висока предност и на крајот славеа со резултат од 25:16. Најефикасен на овој дуел во нашиот состав беше Виктор Крстевски со 5 постигнати голови.

Во текот на утрешниот ден во првото коо, оваа генерација на РК Вардар родени “2000“ година беа подобри од тимот на Сингелиќ со резултат од 16:17.