Оваа година не пратат само големи нешта. По историскиот успех на ракометарите на Вардар, сега дојде ред со историски успех да не израдуваат и фудбалерите на Вардар.
Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко најави дека една од главните цели е и ФК Вардар да го внесе во групната фаза од едно големо натпреварување. Ветеното се оствари ова лето – Вардар се пласираше во групната фаза во Лигата на Европа.
Ви благодариме господине Самсоненко. Одиме понатаму во поголеми нешта, допрва Европа ќе чуе за Вардар!