Србинот Вања Марковиќ ќе биде новото засилување во тимот на Вардар. Марковиќ стави потпис на договор со шампионот на Македонија. Тој ќе треба да го замени Спировски кој ќе потпише договор и ќе игра во унгарското првенство.
Марковиќ како што е познато, доаѓа од редовите на Корона Кјелце, игра на средината од теренот. Очекуваме утре промоција во црвено – црниот дрес и детали за неговиот договор.
Покрај Марковиќ, Вардар тргна и по Коне.