Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Трета последователна победа за кадетките на РК Вардар на турнирот во Белград
Трета последователна победа за кадетките на РК Вардар на турнирот во Белград

Трета последователна победа за кадетките на РК Вардар на турнирот во Белград

Кадетките на ракометниот клуб Вардар забележаа две нови победи на турнирот во Белград. Избраничките на Ристова и Пецевска беа подобри од екипите на Београд и Сигидунум.

На првиот дуел се сретнавме со екипата на Београд, која ја совладавме со резултат 14:10. Тргнаа фуриозно Вардарки и веќе во првите минути од мечот имаа водство од 3:0. Београд постигна гол за да го намали резултатот, но нашите девојки постигнаа два нови во серија за веќе предност од 5:1. Следеше период на подобра игра на противникот кога намали на 6:4, но последниот гол во првиот дел беше дело на Вардар, за резултат од 7:4 по првиот дел. Продолжи нашата добра игра и во второто полувреме, кога стигнавме до највисоки шест голови разлика (11:5), по што беше познато кој ќе стигне до триумфот. До крајот на натпреварот, шанса им се даде на сите ракометарки кои беа на располагање за овој дуел. На крајот рутински славиме со резултат од 14:10.

На вториот натпревар бевме уште поубедливи, а за противник ја имавме екипата на Сигидунум. Самиот факт дека во првото полувреме примивме само четири погодоци, говори за одразот на силите на овој натпревар. По првиот дел стигнавме до двоцифрена предност од 16:4. Во второто полувреме само растеше предноста во наша корист, а противникот немаше сила да парира на разиграните Вардарки. На крајот конечениот резултат гласеше 33:13.

На отварањето на турнирот ја победивме екипата на Срем од Србија и ова беше вкупно трета победа за нашите кадетки на турнирот. Во текот на вчерашниот ден играме два нови натпревари и тоа против Нови Београд и Колубара.