Последен контролен натпревар вчера имаше нашата третта сениорска екипа на црвено-црните Вардар 2. Тие се натпреваруваат втора година во првата машка ракометна лига и се подготвени за почетокот на сезоната. Вчера Вардар 2 како гостин го победи тимот на Куманово со 35-27 (17-17) во “генералката“ пред почетокот на лигата.
Мечот во првото полувреме беше нерешен 17-17. Ова беше меч на две различни полувремиња првото изедначено и второто во кое целосно доминиравме и успеавме да постигнеме осум гола повеќе. На дуелот пресуди физичката подготвеност на нашиот тим. Бидејќи имавме добра серија од 12-1 во второто полувреме и од 45 минута бидејќи бевме физички поспремни доминиравме. Кормиларот на овој состав Зоран Петковски-Зенга вели деќа ќе имам слатки маки, затоа што конкуренцијата во тимот е одлична, и на секоја позиција има одлични ракометари. Вчера бевме ослабени бидејќи истрчавме во Куманово без Лазов, Апостоловски и Крстевски. Посебно за истакнување се игрите на младото крило Чакалиќ и голманот Петковски. Лигата за овој сениорски тим почнува другата недела, во првото коло во Првата ракометна лига нашиот млади тим РК Вардар 2 гостува во Струга.