Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци на само чекор до титулата, победа и на дуелот со Пролет 62
Вардарци на само чекор до титулата, победа и на дуелот со Пролет 62

Вардарци на само чекор до титулата, победа и на дуелот со Пролет 62

Вардар се наоѓа на само еден чекор од освојување на нова Шампионска титула. Вечерва избраниците на Алушовски гостуваа кај екипата на Пролет 62 која ја победија со резултат 22:28.

Екипата на Пролет 62 подобро го отвори натпреварот кога поведе со 2:0, додека Вардар својот прв гол го постигна во 4 минута со удар од седум метри на Иван Чупиќ. Следеше и наша серија од нови два гола, преку Дисингер и Столе за прва прдност на вардарци. До крајот на првото полувреме избраниците на Алушовски беа во предност, највисоката достигна до четири гола разлика. При резултат 6:6, нашиот состав успеа да направи мини серија од два погодоци, најпрво погоди Чупиќ, за потоа Ристовски да одбрани, а Дибиров да го погоди празниот гол на домаќинот за водство од 6:8. Во 26 минута стигна и највисоката наша предност кога со голот на Јотиќ поведовме со 9:13. До крајот на првото полувреме го одржавме водството па на краток одмор се замина со резултат 11:14.

Противникот со гол го отвори вториот дел, но ние вративме преку Георгиевски за повторно три гола разлика. Се уште натпреварот беше во резултатска неизвесност, екипата на Пролет даваше отпор стигна и до еден гол негатива, но Вардар со голот на Валчак поведе со 16:18. Во вториот дел на голот застана Кизиќ кој забележа интервенција, но на спротивната страна Пролет го имаше расположениот Ангелов-Диви кој го одржуваше својот тим во игра. Кизиќ со нова интервенција спречи израмнување на резултатот, за Чупиќ да погоди за водство од 17:19  во 42 минута од натпреварот. Повторно се одлепивме на три гола, откако Дибиров фрли топка до Валчак кој поентираше за 19:22 во 47 минута, по што Зоран Кастратовиќ побара минута одмор. Заигравме поцврсто во одбраната во периодот кога се „кршеше“ резултатот, Вардар со гол на Георгиевски од контра поведе и со 20:24 и беше блиску до освојување на целиот плен. Домаќинот долго време беше без погодок, а ние со нов погодок на Чупиќ стигнавме и до највисоки пет гола разлика (20:25) беше на шест минути пред крајот на дуелот. Немаше неизвесност до крајот, Вардар победи со резултат 22:28.

Во последното 14.коло, Вардар на домашен терен го пречекува тимот на Металург. Со победа, Вардар ќе се круниса во Шампион на Република Македонија.