До крајот на женската Супер лига останува само едно коло, клучното последно 26.коло кое ќе даде разврска на малкуте отворени прашања на табелата. Вардар во изминатото 25.коло беше слободен па Металург со победата дома над Гевгелија дојде од минус 4 на само еден бод негатива.
Овој ростер кој секако претрпи неколку измени сезониве наназад, започна во сениорската лига да настапува кога беше на возраст на кадетки. Девојките на Ристова која го води од ракометните почетоци во пионерската лига добија шанса да го наследат „ѕвездениот“ ЖРК Вардар кој играше во завршниците на ЛШ. Оваа сезона сме пред најголемиот успех за нив, во Купот дојдовме до финале и бевме „сребрени“ во лигата имаме прилика да завршиме зад повозрасниот, поискусниот и финансиски подобро обезбедениот лидер, Куманово, тим со интернационалки кој е дизајниран за европски предизвици оваа сезона каде имаа настапи. Зад нас ќе ги оставиме екипите на Чаир, тим кој беше на 3.позиција по есенскиот дел, а пред се Металург кој беше второпласиран.
Нашите дами оваа пролет со сите победи во лигата освен гостувањето кај Куманово ги минаа двата тима пред нив од есенскиот дел. Стартувавме како 4.пласирани на пролет, сега сме на прагот на потврдување на “среброто“. Второто место е огромен успех за вака млад тим кој го имаме по заминувањето на „ѕвездите“ и работата на „домашен погон“, истиот е показател дека од сезона во сезона идеме скалило по скалило нагоре.
За потврда на „сребрената“ позиција која носи излез во европските купови каде има ветување дека девојкиве ќе бидат наградени за трудот со овозможување на настап во истите останува само еден чекор. Во последното коло потребна е победа во гости, ние гостуваме кај Ѓорче Петров-ЖРК, тим против кој сме голем и убедлив фаворит.
Тие се на предпоследната позиција со само 13.бода до 25.кола, девојките на Ристова Драгана и Царчев Александар (кој е помошник и тренер на одличното голманско три) собраа 58.бода во досегашние кола и не би требало да имаат поголеми проблеми. За илустрација во првата есенска средба црвено-црните девојки убедливо обедија со 32.гола повеќе, односно со резултат 46:14 (18:8).
Во првата сезона која ќе се одигра во целост како прв тренер, Ристова Драгана ќе ја заврши со две сребра што само ја потврдува нејзината квалитетна работа со тимот.