Вчера, кадетската ракометна репрезентација на Македонија победи со убедливи 41-23 на пријателски натпревар со Црна Гора одигран во Охрид. Ова беше 3.контролка за младите репрезенативци и дојдовме до исто толку победи.
Тимот предводен од селекторот Кирил Лазаров и Бранислав Ангеловски доминираше во текот на сите 60 минути, а на полувремето резултатот гласеше 23-14. Вардарецот, Савревски Давид седум голови се истакна како најдобар стрелец и поединец на оваа средба.
Денес кадетите ќе одиграат уште една контрола со истата репрезентација, како подготовка за настапот на ЕХФ шампионатот до 19 години што ќе се одржи во Скопје од 9-15 август.