Фудбалерите на Вардар попладнево настапија на турнирот „Вуко Каров“ во Кавадарци, а поддршка од трибините и на овој натпревар добија од најверните навивачи, од ,,Комитите”.
Навивачите на Вардар му дадоа посебен ,,тон” на овој турнир, кои во текот на двата натпревари ги бодреа своите миленици и уште еднаш најавија дека и оваа сезона ќе бидат тука за својот тим на секој натпревар, без разлика дали играат на домашен или на гостински терен.
Инаку, фудбалерите на Вардар они помладите, загубија од ФК Победа на пенали, додека пак првиот тим одигра добар натпревар против ФК Тиквеш, ја контролираше топката и имаше неколку шанси за гол, но по еден сомнителен пенал домаќинот дојде до погодок преку Христов за конечни 1:0. Како што е добро познато, натпреварите се играа по 45.минути.
Вардарци продолжуваат да ја темпираат формата за престојната сезона која започнува на 22-ри, идниот месец.