Денес се одигра тест-натпревар помеѓу двата македонски претставници во Лигата на шампионите, на исиот РК Вардар го совлада Еурофарм Работник со 32-30(20-13).
На натпреварот кој се одигра во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ црвено-црните отворија со 7-3. Потоа во текот на првиот дел успеаа да ја контролираат средбата па на пауза заминаа со седум гола позитива на овој дуел. За време на одморот на семафорот во салата стоеше 20-13 за европскиот првак.
Вториот дел го започнавме силовито па поведовме со девет гола предност. Следеше ротација на нашиот тим и пад во играта. Ривалот намали и на гол негатива, 31-30, дури битолчани имаа напад за реми. Сепак Вардар се одбрани, погоди во напад и славеше со 32-30. Кај нас најефикасен беше Дибиров со осум гола на оваа средба, a Скубе Сташ го заврши мечот со пет гола.
ВАРДАР: Димитриоски 1, Криштопанс 4, Пелко 2, Дисингер 3, Скубе 5, Гедбан 1, Чупиќ 5, Дибиров 8, Горбок 1, Горпишин 2