Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Македонија ја совлада Грузија, вардарци со епизодни улоги

Македонија ја совлада Грузија, вардарци со епизодни улоги

ep-2020-rakomet-kvalifikacii-makedonija-island-14-04-2019-8113

Вчера, сениорската машка репрентација на Македонија  оствари триумф во првиот натпревар против Грузија. Победата дојде  со  резултат 25:21. 

Отворивме добро, поведовме со пет гола предност, имавме 7-2 по повеќе од една третита од првиот дел. Следеше период на подобра игра на гостинот и наше опуштање, по кое ривалот успеа да изедначи на 12-12 и да го однесе дуелот на одмор со резултатска симетрија.  Со нешто подобра игра во вториот период успеавме да победиме со четири гола предност. Триумфот дојде со резултат 25:21.  Во составот за оваа средба имаше двајца играчи на Вардар, Димитар Димитриоски впиша еден гол, а   Дејан Кукуловски немаше погодок.

 МКД-Ристовски (15 одб.), Томовски, Манасков, Велковски 4, Димитриоски 1, Лазаров, Талески 2, Кузмановски 1, Костески 3, Танкоски 2, Крстевски, Кукуловски, Поповски 4, Пешевски 4, Јагуриновски, Маџовски 2, Димитриевски, Мишевски, Арсеновски 1.