Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Петта последователна победа за генер. 2006 на ФК Вардар, момците на Спасески го „преслушаа“ и тимот на Куманово Еуроспорт
Петта последователна победа за генер. 2006 на ФК Вардар, момците на Спасески го „преслушаа“ и тимот на Куманово Еуроспорт

Петта последователна победа за генер. 2006 на ФК Вардар, момците на Спасески го „преслушаа“ и тимот на Куманово Еуроспорт

Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигна и до петтата последоватена победа оваа сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Утрово на теренот на Академијата, избраниците на Филип Спасески му нанесоа висок пораз на тимот на Куманово Еуроспорт, со убедливи 5:0. Ова беше и прв пораз за екипата од Куманово.

Вардар: Данстак, Порчу (c), Николов, Миовски, Јанкоски, Спасовски, Ајетовиќ, Величковски, Алији, Нурединовски, Николов.

Играа уште: Краљевски, Крстевски, Хасиќ, Настески, Ордевски, Анастасов и Динов.

Ние имавме инцијатива на почетокот на дуелот, поседот беше целосно во нашите нозе, содававме шанси за погодок. Во првиот половина час имавме три големи прилики за да отвориме со погодок. Најпрвин, Нуман Ајетовиќ се обиде со удар од над 20-25.метра. Потоа Алтин Алији доби корисна топка од Порчу Димитар, биеше со глава од непосредна близина, но не успеа да погоди. Изведовме корна, искомбиниравме на работ од казнениот простор, Ајетовиќ се обиде откосо со удар под гредата, голманот на гостите успеа да одбрани. Се играше 32.минута по една конфузија пред голот на ривалот, противнички играч играше со рака. Судијата досуди најстрога казна, топката ја зеде Алтин Алији. Тој шутна силно по земја, топката мина крај левиот голмански директ за наше водство од 1-0 на оваа средба. Стелецот на голот до крајот на првиот дел се обиде уште еднаш да погоди, сепак заминавме на пауза со минимално водство на оваа средба.

2 3 4

Во вториот дел вистинска “голеада„ на Академијата на ФК Вардар. Момците во црвено-црно ја наполнија мрежата на кумановци. На самиот старт погоди Антони Динов за 2:0, кој доби одлична асистенција по земја од Алтин Алији. Андреј Величковски се обиде со удар од 30.метра, голманот среќно со нога изби во корна. По изведување на истата, двојна прилика на втората статива имаше Милош Спасовски. По прекрасен соло-продор, топката ја носеше 30.метри, мина неколку чувари и погоди Алтин Алији, за 3-0. Ние доминиравме, Спасески од клупа направи неколку измени, но ритамот го задржавме. Погоди потоа Порчу за високи 4-0, за црвено-црниот тим. Марко Николовски во финишот имаше три прилики, една од нив успеа да ја претвори во погодок за високи 5-0, резултат со кој се заврши овој меч. Последен обид на дуелот имаше Нурединовски кој во последната минута шутна силно крај голот.