Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на РК Вардар го победија тимот на “Кирил Лазаров-7“ од Струга
Младинците на РК Вардар го победија тимот на “Кирил Лазаров-7“ од Струга

Младинците на РК Вардар го победија тимот на “Кирил Лазаров-7“ од Струга

Денес во С.Ц “Јане Сандански“-Скопје  младинците на Вардар ја пречекаа екипата на КЛ-7 од Струга во дуел од второто коло  во Младинската 1 група. Момците предводени од Слободан Чивлачки и Грчевски Кристијан дојдоа до победа во еден исклучително интересен меч со 30-27 (17-15).

u3

Први со гол натпреварот го отворија гостите кои поведоа со 0-1, ние веднаш вративме со два последователни погодоци и го преземавме водството со резултат 2-1.  Во 8.минута првпат поведовме и со два погодоци, 4-2.   Следеа минути во кој стружани беа подобри тие успеаа да ја анулираат нашата предност и изедначија во продолжение на 6-6.  Младинците на Вардар несакаа да ја испуштат предноста па со серија 5-1  успеаа да се одлепат првпат на “четири плус“ , 11-7. Во Скопје се играше доста темпераментен дуел со многу погодоци и одлични акции, ривалот на 5.минути до крајот успеа повторно да внесе неизвесност изедачувајќи на 14-14. За наша среќа во последните минути во одбраната одигравме одлично, на нашиот гол одличен беше Тушев Александар што ни даде прилика да се одлепиме. На пауза заминавме со предност од два погодоци, на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше резултатот  17-15.

u2

Вториот дел први со  гол го отворија нашите момци кои поведоа на самиот почеток по 30.секунди игра со 18-15.  Против нас имавме тим кој не се предава, играа момците од школата на Кирил Лазаров-7 одлично и повторно не загрозија кога се доближија на средината од вториот дел на 21-20. Во втората половина од полувремето одличен беше Тушев кој ни даваше прилика од минута во минута да ја зголемуваме предноста на овој дуел, па така во последните минути влеговме со комотни “плус пет“ односно со резултат 29-24.  Во последните пет минути дојде до мало опуштање во редовите на црвено-црните младинци, сепак тие го контролираа резултатот и победија со 30-27 на крајот на овој малдински дуел.

u4

Во нашите редови одличен беше голманот Тушев Александар, Ќосевски Ален беше немилосрден стрелец во мрежата на ривалот постигнувајќи дури 11 гола, Мисаилески Антониј погоди 5 пати, а Насков Васе и Биковски Христи постигнаа по 4 погодоци.